Ја ограбил среде улица - хорор за скопјанка

 

20-годишниот  Х.Т. од Скопје  си заработи кривична за тешка кражба на дрзок начин и тешка телесна повреда.  Според податоците од полицијата, во март годинава на улица Васил Ѓоргов на подрачје на Центар, во вечерните  часови нападнал жена додека се движела по улицата. Насилникот и пришол од напред и  со употреба на физичка сила ја турнал, и ја одзел чантата  при што таа паднала на асфалтот, а тој со трчање се одалечил во непознат правец.

Од падот жената се здобила со тешки телесни повреди и истата е задржана за понатамошно лекување во Клинички Центар “Мајка Тереза“.

06.07.2014 - 13:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега