Несреќа во битолско: Воз се заби во Сканија
Несреќа се случила вчера попладне на железничката пруга кај Кукурачани.
Според информациите од МВР, до несреќата дошло кога товарен воз, управуван од скопјанецот Д.К. кој сообраќал на релација Градско-Гевгелија удрил во влекач Сканија, зад чиј волан бил кавадарчанецот М.Н.
За среќа немало повредени лица. Причинета била само материјална штета.
Полицијата извршила увид на местото на несреќатА и работи на откривање на причините кои довеле до судирот.
07.07.2014 - 10:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа