Тетово: Се тепале меѓу себе па ги истепале полицајците

 

Вчера попладне во тетовската полициска станица било пријавено дека двајца тетовчани го нарушуваат јавниот ред и мир и крвнички се тепаат.

На лице место дошле полицајци кои се обиделе да ги разделат и приведат тетовчаните А.Ј.(27) и Б.З. (34), но, “на сцена“ настапиле А.Ј. (27), Е.Ј. (27) и А.Ј. (53), сите од Тетово. Насилниците ги нападнале полицајците, ги туркале во пределот на градите, ги влечеле за рацете и потоа избегале.

Полицијата го привела Б.З., а останатите биле повикани на разговор.

По целосно документирање на случајот, против тетовчаните ќе биде поднесена соодветна пријава.

07.07.2014 - 12:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега