Политичката криза во Албанија ја загрижи Европската Унија
Европската унија изрази вознемиреност заради тензиите предизвикани од политичката клима во Албанија.
Високиот комесар за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Кетрин Ештон вели дека Унијата очекува албанските политички лидери да работат заедно за да докажат дека се надминати проблемите од минатото.
– Владејачката гарнитура и опозицијата во Албанија треба да најдат начини за да соработуваат, се вели во декларација.