ФОТО: „Деца мои, ако има љубов, има се'" - фотографија вредна 1000 зборови

 

Стариот пар од  фотографијата, кој се држи за рака, е брачен пар од селото Рамна гора. Марица и Бранислав Димитријевиќ се во брак 53 години, пишува 24sata.rs.

 78-годишниот Бранислав ослепел пред 2 години, а сопругата Марица за него се грижи со иста доза на љубов како и првиот ден.

- "Не ни е лесно, останавме сами и стари во селото. Децата отидоа по својот пат. Но убаво ни е кога сме заедно. Деца мои, ако има љубов, има се'", вели 71-годишната Марица. "Доволен е само топлиот допир со раката и веќе ви е подобро, знаете дека некој е тука да се грижи за вас. Заборавивме да се сакаме и почитуваме. Деца мои тоа е најважно", додава Марица.

Таа додава дека Бранислав од секогаш и се допаѓал. "Кога се венчавме не бев сигурна, размислував дали станува збор за љубов", вели Марица полна со позитивна енергија.

"Би погрешила кога би се пожалила. Давам љубов, но ја добивам и назад. Имаше моменти кога малку ќе се скараме, живи луѓе сме, но сепак...на крајот победува љубовта. Тоа е мојата порака за вас деца, сакајте се, бидејќи љубовта може да победи се'", рекла Марица.

Парот Димитријевиќ има две ќерки, четири внуци, една правнука и уште едно правнуче на пат.

 

09.07.2014 - 14:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега