Уапсен пратеник на Златна Зора

 

Портпаролот и пратеник на грчката екстремно десничарска партија Златна зора, Илиас Касидиарис е уапсен денеска во очекување на почетокот на судењето за поседување оружје.

Касидиарис беше главен претставник за односи со јавност на Златна зора откако во октомври минатата година е уапсен лидерот на оваа партија Никос Михалолиакос, на кого треба да му се суди под обвинение за учество во криминална група.

Касидиарис е деветти од вкупно 17 пратеници од партијата Златна зора, кој е притворен во очекување на судски процес.

10.07.2014 - 16:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега