ФОТО: И тоа се случи- Србинка си го продава мажот преку оглас

 

Една жена од Сомбор на локален сајт за аукција објави шеговит оглас, во кој го продава својот сопруг.

Мажот стар 33 години очигледно е мошне популарен „производ“, а понудениот износ моментно се движи околу девет илјади динари (околу 78 евра).

- Љубов те сакам најмногу на светот, па и нека ми го укинат налогот, ете тоа нека го знае целиот свет, напишала жената во текстот на огласот.

Таа својот сопруг го опишала како „зачуван, убав и згоден, без мани и оштетувања“. Напишала дека не пие и не пуши, дека поправа апарати за домаќинство, но дека не е вешт во сечење дрва.

Жената за понудениот маж навела дека има седум денa гаранција и оти купувачот, доколку не е задоволен може да го врати во тој рок.

Аукцијата трае шест дена, а според зборовите на „продавачката“, нејзиниот сопруг знае за оваа шега и нема ништо против.

 
12.07.2014 - 10:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега