Методи Хаџи-Јанев: Ако дозволиме, етничкиот проблем ќе стане меѓуверски конфликт

 

Македонија е пред сериозен предизвик, етничките разлики, кои предизвикуваат конфликти, да се претворат во меѓуверски кофликти. Постојат многу идикатори кои на тоа укажуваат, а еден од нив е и злупотребата на религијата и верата во политичките цели. Универзитетскиот професор, и аналитичар за безбедносни прашања, Методи Хаџи Јанев, во интервју за Прес24, потенцира дека ако се дозволи, мнгу лесно може етничкиот, да се претвоти во верски конфликт.

- Овде нема оправдување за опозиција или владеачка гарнитура, за претставниците на верските заедници, за невладиниот и цивилниот сектор, за медиумите, за локалните заедници, за образовните институции. Буквално сите ние сме креатори на потенцијална средина во која е можно од етнички мотивиран проблем да добиеме религиозно мотивиран проблем. Тоа ќе претставува сериозен проблем бидејќи проектите, пакетите кои ги спроведуваме за решавање на постоечките проблеми се дизајнирани за решавање на етнички, а не верски проблеми (Охридскиот рамковен договор на пример), вели за Прес24, Професотот, Методи Хаџи Јанев

Иконографијата, карактеристична за последните насилни протести, според Хаџи јанев покажува дека во Македонија сериозно треба да му се пристапи на проблемот со ширењето на радикалниот ислам.

- Сметам, дека Македонија не е во црвена зона. Но, она на што сакам да предупредам е дека овој феномен и негативните последици кој ги предизвикува се шират, ако може да кажам, со брзина на светлината. Затоа, сметам дека сега е моментот каде треба да се интервенира превентивно и преку индиректен пристап, вели Хаџи Јанев

Главна улога во спречување на евентуално институционализирање на радикалниот ислам во Македонија треба да има Исламската Верска Заедница.

 - Официјалните лица во ИВЗ мора да бидат крајно внимателни. Сите нивни чекори мора да бидат во склад на тоа што го проповедаат. Било каква корупција или скршнување од она што го проповедаат може да биде кобно, бидејќи тоа е почва за реторика која оди во прилог на оние кои радикализираат. Да посочам само дека постојат сериозни докази за тоа дека во целиот регион се засилува интер-муслиманскиот конфликт, помеѓу оние кои го проповедаат Исламот онака како што традиционално се практикувал со оние кои сметаат дека салафизмот е вистинскиот Ислам и кои таквото не согласување го демонстрираат преку насилни методи, вели за Прес24, Хаџи Јанев.

Според него, Македонија е само дел од глобалниот процес на нагласување на верската различност во речиси сите случаи во кои постои не-согласување или не задоволство од која било, или каква природа во современите општества.

-Начинот на дејствување и користење на овој тренд (артикулирање на верската различност) е субверзивен, лесно прилагодлив на „ендемските“ проблеми на соодветен регион, и со различна динамика на напорот во различна фаза. Во главно почетоците и увертирата е  добронамерна, солидарна и во склад со начелата на религијата. Многу често се прилагодуваат на пукнатините во демократските општества или контрадикторностите кои се предизвик, артикулирајќи ги преку реални проблеми кои не дека не се вистинити, генерално кажано, туку не се до крај и прецизно точно претставени. Така на пример, тие посочуваат дека постои социјална не еднаквост што е вистина, ама укажуваат дека таа социјална не еднаквост е само насочена кон одредена верска група од општеството. Или пак, дека соодветна мерка која е системска или е резултат на системски-државен процес (одлука, пресуда или било што) е дизајнирана против одредена група.  Тоа е моментот во кој се „спинува“ вистината. Доколку соодветно не се одговори (што е релативно тешко за секоја државна администрација па дури и за најефикасните како западно-европските држави), се ризикува овој тренд да се засили и да стане прифатлив за оние кои се разочарани, вели Методи Хаџи Јанев во Интервјуто за Прес24, во кое ги анализра и состојбите на Блискиот Исток.

ПРЕС24: Последните протести кои се случија во Скопје и во кои полицијата интервенираше со цел да ја разбие толпата која се обиде да се пресмета со полицијата, повторно ги карактеризираше една иконографика, која како да станува редовна појава на такви пртести. Во нив имаше многу верски пораки, знамиња и транспарентни карактеристични за земјите од Блискиот Исток. За што всушност станува збор, за некаков тренд, или пак ова е некој вид порака?

ХАЏИ-ЈАНЕВ: Генерално, според мене, ова е последица на еден глобален тренд на нагласување на верската различност во речиси сите случаи во кои постои не-согласување или не задоволство од било која или каква природа во современите општества. Испраќањето на порака(и) е само составен дел.  Овој тренд, кој е специфичен и за Балканот или би рекол и за цела Југо - Источна Европа е присутен со различен интензитет и динамики речиси на секаде во светот. Динамиката со која тој се манифестира и облиците преку кој се изразува е различен, а различни се и актерите или припадноста. Може да биде (a, и е) државно стимулиран (или во смисла на облик на владение, или пак заради задоволување на политички-економски интереси);  да е продукт на отсуство од соодветна социјална организација (кохерентни институции кои ќе се грижат да ја зачуваат посебноста и анулираат интерпретацијата на т.н. „различно граѓанство“ во негативна смисла); отсуство од соодветен пристап кон социјалната не еднаквост (во смисла на програми и социјални пакети преку кои современата технологија ќе се искористи на креативен начин не за нагласување на проблемите, туку за намалување на истите); резултат на отсуство на механизми преку кои се обезбедува не формална социјална контрола-не од страна на државата туку од самата заедница и сл.

Сепак, она што е специфично е тоа што во голема мерка зад овој тренд стои платформа која дозирано го оркестрира (стимулира, потхранува, го води и наметнува како единствен, често со крајна апокалиптична цел, како излез-краен резултат). Ваквиот  тренд  не е нов. Историски, речиси од секогаш бил присутен и користен како средство, или изговор. Во главно, (иако не исклучиво) се прилагодувал на условите диктирани од: геополитиката, доминацијата на одредени движења и политички школи и елити, економските односи, технолошките достигнувања, а соодветно на тоа и начинот на организирање на општеството. Дејствувањето помеѓу овие варијабли и овој тренд е двонасочно или тие го диктирале и користеле или пак, тој преку различни облици на манифестација овозможувал нивно забрзување или стагнација. Она по што овој тренд е специфичен денес, а е одраз на погоре споменатите варијабли е што тој денес е стимулиран комбинирано од одредени држави и групации со можност за независно дејствување. За разлика од порано, благодарение на технологијата и интензивирањето на глобализацијата, редефинирањето на моќта на глобален план и во склад со тоа, губењето на монополот на моќ од страна на  државите, одредени групи имаат капацитет да дејствуваат глобално и на тој начин да им пркосат на државите и меѓународните организации кои тие ги создале. Користејќи го токму овој тренд тие развиваат плодна основа за остварување на своите апстрактни (глобален калифат на пример)и апокалиптични цели (да загине или да се уништи секој кој нема да се согласи со нив). Начинот на дејствување и користење на овој тренд (артикулирање на верската различност) е субверзивен, лесно прилагодлив на „ендемските“ проблеми на соодветен регион, и со различна динамика на напорот во различна фаза. Во главно почетоците и увертирата е  добронамерна, солидарна и во склад со начелата на религијата. Многу често се прилагодуваат на пукнатините во демократските општества или контрадикторностите кои се предизвик, артикулирајќи ги преку реални проблеми кои не дека не се вистинити, генерално кажано, туку не се до крај и прецизно точно претставени. Така на пример, тие посочуваат дека постои социјална не еднаквост што е вистина, ама укажуваат дека таа социјална не еднаквост е само насочена кон одредена верска група од општеството. Или пак, дека соодветна мерка која е системска или е резултат на системски-државен процес (одлука, пресуда или било што) е дизајнирана против одредена група.  Тоа е моментот во кој се „спинува“ вистината. Доколку соодветно не се одговори (што е релативно тешко за секоја државна администрација па дури и за најефикасните како западно-европските држави), се ризикува овој тренд да се засили и да стане прифатлив за оние кои се разочарани. Знаете, денес во услови кога материјалните и идеолошките очекувања на луѓето се многу поголеми речиси е не возможно, а да не најдете некој кој не е погоден од некоја или некаква владина мерка. Впрочем, секогаш кога нешто што се носи како мерка која треба да е системска (бидејќи само такви можат да носат државните органи) ако некому помагате, соодветно некому одмагате или повредувате. Не постои систем или власт која е беспрекорно и кон сите дарежлив подеднакво. Секогаш постои баланс и секогаш се тежнее да се задоволи волјата на мнозинството. Има исклучоци (како на пример афирмативните мерки и позитивната дискриминација) но, овие мерки се специјални ограничени и строго наменски. Во такви случаи оние кои се повредените се гневни кон системот или страната која го предизвикала тоа. Во отсуство од механизмите кои погоре ги споменав, како и во присуство на некој кој може да дејствува глобално, идеолошки и верски, многу често дизајнираната алтернатива којашто се испорачува е и психолошки поддржана. Така на пример таа се претставува како „нова надеж“, како „излез“,  „можност“ за спротивставување на изворот на неправдата која ја перципирате. Фактот дека живееме во општество и време кое е отворено и зависи од можноста и квалитетот на слобода на движењето на стоки, услуги, луѓе и капитал, како и фактот дека системот (демократијата) стимулира различност, е проблемот за овој тренд за кој говориме. Проблемот да бидам прецизен не е во демократијата сама по себе. Проблемот е во тоа што овој тренд, за кој говориме, кај оние кои се разочарани од неуспехот да фатат чекор со современите динамики заговара спротивставување по линија на помал отпор. Тоа спротивставување е преку ригидност и нетолерантност. Стимулирањето на компетицијата во општеството не е како да се биде подобар, во услови поставени од системот, туку како да се уништи компетицијата, наместо да се прифати компетиција како конкурентност која води до напредок преку прифаќање на различноста.  Најранлива групација е младата популација. Социјалните фрустрации кои според многу истражувања најинтензивно се одразуваат кај младите се резултат на микс од технолошкиот развиток, влијанието на одредени културни трендови и јазот кој овие трендови го создаваат.   

ПРЕС24: Официјално немаше организатор на протестите. Тие како по правило почнуваат по пладневната молитва и тоа од една џамија во Скопје, од Јаја Паша. Претходно повиците се шират преку социјалните мрежи. Ако партиите од албанскиот блок, ако ИВЗ се дистанцира, тогаш кој стои за овие протести?

ХАЏИ-ЈАНЕВ: Па јас веќе во неколку наврати јавно испратив порака дека мораме да бидеме крајно внимателни кога даваме какви било изјави кои се поврзани со претпоставки. Тие се потребни, но доколку се покажат како не точни, можат да создадат несакани ефекти. Според мене многу е битно ако политичките партии јавно се дистанцирале од организацијата на протестите кои имаат обележја со радикална платформа, а истото важи и за ИВЗ. Она што би требало да се земе во предвид пред да се донесе суд, е сепак фактот дека поединци во тие партии не значи дека се согласиле со одлуката на нивните лидери. Во услови на вистинска демократија вие имате право да не се согласите. Дополнително, фактот дека ИВЗ имаше проблеми со контролата на сите свои единици, нешто што самите го изјавуваа пред некое време, ако се сеќавате кога се појави песната за Бин Ладен постирана од Македонија, исто така говори дека можеби повторно единството во ИВЗ е предизвикано. Ова не е нешто што треба да не чуди тоа го имате и во МПЦ, го имате на глобален план несогласувањето на Муслиманските верски лидери со Ал Багдади и неговите ставови и сл. Понатаму, во праксата постојат случаи каде на радикалните структури им е понудено партнерство заради остварување на политички цели. Понекогаш борбата за политичка превласт знае да заслепи некого и тогаш „играњето со ѓаволот“ е опција. Тоа само по себе укажува дека и овие претпоставки не треба да се изостават.

Јас не тврдам дека тоа е така, туку само ја отворам опцијата за размислување. Поборник сум за тоа додека нешто не се докаже преку истражување и анализа, да остане во рамките на претпоставка и тоа јасно да се потенцира. Ова пак, од друга страна никако не смее да се сфати дека имам сомнеж околу тоа дека зад ова е можно да постојат радикални структури кои како што претходно објаснив се адаптираат на постоечките проблеми и полека од солидарност го започнуваат процесот на оркестрирање на радикализацијата.  

ПРЕС24: Интересно е што на овие протести, неколку дена, револт се изразува и кон албанските партии, повеќе кон ДУИ, бидејќи е дел од власта, но револтот е насочен и кон ДПА. За иконографијата за која зборуваме, дојдоа реакции и до Тирана и од Приштина, со потенцирање дека некој неоптребно ја вмешува верата, бидејќи проблемите на Албанците во Македонија биле од политичка природа. Моето прашање е, дали егзекуторите од смилковското езеро и порај се, индиректо, ја постигнуваат целта?

ХАЏИ-ЈАНЕВ: Имено, тоа оди во контекст на онаа претпоставка која ја отворив како опција за размислување. Верувајте во секој политички блок, легитимно е да постои желба да се биде лидер или да не се согласувате до крај со лидерот. Тоа не е проблемот. Проблемот е да ги знаете границите на тоа не согласување и да не заземате макијавелистички пристап во остварувањето на вашите амбиции. Се друго поинаку од ова е недозволено и проблематично. Околу соседите, сметам дека западните партнери, нашите дипломати и официјалните претставници на соседите се трите столба каде треба да се бара решението на потенцијалниот предизвик по однос на ова прашање.  Тоа значи дека под итно е потребно здружено дејствување за неутрализирање на било каква реторика која може да е контра-продуктивна. За конкретното прашање, дали  егзекуторите ја постигнуваат целта би рекол не. Но, ако не се реагира соодветно тогаш ќе им се помогне да ја остварат.

ПРЕС24: Можно ли е во Македонија меѓуетничката нетрпеливост, која со години е присутна, да прерасне во меѓуверска омраза?

ХАЏИ-ЈАНЕВ: Апсолутно да, но само доколку тоа сите ние го дозволиме. Овде нема оправдување за опозиција или владеачка гарнитура, за претставниците на верските заедници, за невладиниот и цивилниот сектор, за медиумите, за локалните заедници, за образовните институции. Буквално сите ние сме креатори на потенцијална средина во која е можно од етнички мотивиран проблем да добиеме религиозно мотивиран проблем. Тоа ќе претставува сериозен проблем бидејќи проектите, пакетите кои ги спроведуваме за решавање на постоечките проблеми се дизајнирани за решавање на етнички, а не верски проблеми (Охридскиот рамковен договор на пример)

 

ПРЕС24: Исламската верска заедница би требала да биде главниот канализатор на верските чувства кај муслиманите, но неколку години наназад, ИВЗ, како да губи контрола на терен. Колкава е опасноста од инфилтрирање на радикалниот ислам во институционалното функционирање на верскиот живот на муслиманите во Македонија?

ХАЏИ-ЈАНЕВ: Голема. Официјалните лица во ИВЗ мора да бидат крајно внимателни. Сите нивни чекори мора да бидат во склад на тоа што го проповедаат. Било каква корупција или скршнување од она што го проповедаат може да биде кобно, бидејќи тоа е почва за реторика која оди во прилог на оние кои радикализираат. Да посочам само дека постојат сериозни докази за тоа дека во целиот регион се засилува интер-муслиманскиот конфликт, помеѓу оние кои го проповедаат Исламот онака како што традиционално се практикувал со оние кои сметаат дека салафизмот е вистинскиот Ислам и кои таквото не согласување го демонстрираат преку насилни методи. Лично сметам, дека она што треба на сите нас да ни биде јасно во овој  контекст се две работи. Прво, никој па ниту ИВЗ, не смее да забранува некој да применува, практикува религија или правец од религија. Меѓутоа, исто така никој нема право да шири насилство само заради тоа што постои верска или различност во правецот и пристпот кон религијата. Следно, ИВЗ не смее да биде оставена сама во оваа борба или во нејзиното дејствување. Потребен е холистички пристап кој ќе ги опфати сите слоеви на општеството и кој ќе изгради резилиетно општество на вакви негативни феномени.    

ПРЕС24: Релано колкава е опасноста од радикалниот ислам во Македонија?

ХАЏИ-ЈАНЕВ: Сметам, дека Македонија не е во црвена зона. Но, она на што сакам да предупредам е дека овој феномен и негативните последици кој ги предизвикува се шират, ако може да кажам, со брзина на светлината. Затоа, сметам дека сега е моментот каде треба да се интервенира превентивно и преку индиректен пристап. Лидери во ова треба да биде социјалниот и религиозниот сектор. Тоа значи локалните лидери, социјалните институции, верските лидери, невладиниот сектор, цивилните организации. Државата мора да се јави како лидер само во обединувањето на напорите на овие актери. Одговорноста значи е кај сите нас, не само кај органите на управата. Примерите од западна Европа, како оној во Германија (Хајат, Егзит програмите) или оние во ВБ се идеални примери кои можат да послужат како платформа.

Следен проблем е што според праксата од надвор на глобално ниво, овој феномен создава каскадни ефекти на поларизирање на општеството во форма на отпор со исто ваква брзина. Примерот во Велика Британија и Германија е она на што алудирам. Одбранбената лига на Англија е типичен пример за тоа или она што е карактеристика за Германија. Таму според истражувањето на Фридих Еберд фондацијата, веќе повеќе од половината Германци се на став дека Исламот е архаична религија која не може да се вклопи со модернизмот. Голем дел од овие лица сметаат дека Исламот е закана за нив.

 

ПРЕС24: Пред две недели стаса веста за нов загинат македонски државјанин на фронтовите во Сирија. Има ли Македонија некаква евиденција, колкумина македонски државјани се дел од тамошните воени фронтови?

ХАЏИ-ЈАНЕВ: Па мислам дека немаме точна евиденција за тоа кој се е таму, а ниту пак некоја држава може да има. Она што го знам е дека ова е феномен кој се шири со огромна брзина. Ќе ви дадам само два податока. Конфликтот во Сирија, до сега е конфликт во кој е забележано најголемо присуство на странски борци во помодерната историја. За само една година бројот на борци е зголемен неколку кратно. Според податоците на Меѓународниот центар за истражување на причините за радикализација во Сирија има над 11000 странски борци од 74 држави. Трендот за мултиплицирање на овој број на лица од Западна Европа е фрапантен. Од април до декември 2013 година се зголемил за речиси три пати или пораснал од околу 600 на 1900. За Македонија се што ќе кажам ќе мора да се сведе на шпекулација. Не постои сериозно истражување за тоа и не би излегувал сега со податоци окколу тоа.

ПРЕС24: Како тие заминуваат во редовите на радикалните исламисти?

ХАЏИ-ЈАНЕВ: Заминувањето во овие делови е на различен начин. Или преку хуманитарни или некои други цивилни организации, преку посредници или пак, директно (индивидуално или организирано)  со единствена намена да се биде дел од глобалниот тренд.
Магнетизмот кој е создаден е мошне вешто развиен преку различни форми. Тоа се случува преку социјалниот активизам, преку користење на предизвиците од современото живеење глобализацијата (варијаблите кои претходно ги споменав) и сл. Методите на радикализирање се различни но, најчесто е преку посебни групи, кои се затворени, преку т.н. „метод еден на еден радикализирање“, организирање на социјални настани – излети на пример, преку интернетот, преку соодветни дружења во посебни објекти многу често изолирани и сл. Пристапот е внимателен и дедуктивен во овој процес. Се  пристапува од општото преку посебното до единичното. Овој чин се пропагира како свет чин на социјално обесправените лица кој преку флеш можност за слава и препознатливост во средината дава ограничена но, легитимна алтернатива. Ова за Муслиманите е посебно значајно бидејќи оној кој има храброст да се спротивстави е ценет во заедницата. Сето ова е пропратено со силен романтизам, со артикулирање на социјалните проблеми (кои не тиштат и сл.). Во овој контекст прво, се врши изобличување на социјалните/политичките/граѓанските проблеми (невработеноста или суровите социјални услови на пр.). Потоа, овие предизвици и социјалните фрустрации се донесуваат во контекст со етничките, класните или расните предизвици, зависно од регионот. Недоследноста и предизвиците во доменот на социјалните нееднаквости вообичаено се нагласуваат преку посебен графички материјал што се сервира на ранливите слоеви-се поврзува со религијата. Потоа, религијата се нуди како излез и надеж. Финалниот продукт е идеолошки материјал кој е подготвен за споделување или за манипулирање.  Сето ова според одредени првични согледувања е можно благодарени на пропратните варијабли кои ги споменав претходно. Прво, глобализацијата и технолошкиот развиток покрај предност донесоа и предизвик. Факт е дека на сите ни одговараат евтините авио билети, ама им одговараат и на оние кои се упатуваат во Сирија. За само 250 евра според проценките може да се стигне од Западна Европа до Сирија. Билетот е околу 200 евра во просек и 50 евра од Турција до Сирија. Овде ве чека организиран прифат кој понатаму ве оформува или ве подготвува за она во кое се впуштате. Следно, модерната технологија покрај бенефит донесе и разочарување во генерална смисла. Денес, е многу лесно (бидејќи е евтино) да имате глобален пристап до информациите. Тие информации многу често се извор на социјални фрустрации. На пример, не е едноставно да видете како некој некому подарил прстен од неколку милиони долари, или како некој потрошил пари за една вечер со кои ќе се обноват или изградат неколку училишта или болници. Да не бидам погрешно разбран. Немам ништо против тоа некој да има богатство и да прави со него што сака. Пролемот кој сакам да го потенцирам е што овие феномени од оние кои радикализираа често се етикетираат како нешто што е насочено кон само одредена група на луѓе, а не како феномен кој е специфичен за сите.
Следен проблем е разликата во културите. Генрално (иако не е исклучиво) до одредена доза поголемиот дел од муслиманите се колективистички ориентирани. Овде нема ништо лошо. Проблемот е во тоа што кога овие колективистички дизајнирани (од својата фамилија или припадност на група) индивидуи ќе се судрат со систем кој е дизајниран, не за детерминизам, туку за критички пристап

ПРЕС24: Многумина стравуваат дека нивното враќање во Македонија би можело да ја усложни безбедноста  ситуација. Има ли и колкава би можела да биде опасноста од такво нешто?

ХАЏИ-ЈАНЕВ: Мислам дека оние кои стравуваат од враќањето на овие лица се во право. Во голем мерка практиката покажува дека овие лица можат да бидат или крајно истрауматизирани, или агресивни, или пак да останат неутрални по одредени прашања. Првите и вторите се најчест случај, додека оние третите, се во најмал број. Проблемот со овие лица е во тоа што по нивното враќање постои можност да настојуваат да дејствуваат деструктивно во заедницата од каде потекнуваат. Затоа, е потребен соодветен пристап кон овие лица. Соодветни социјални програми како оние кои ги посочив во Западните општества. 

ПРЕС24: Македонија е само една од точките. Босна на пример е држава во која радикалните исламистички структури поприлично ја имаат моќта. Тука се Косово, Албанија. Може ли под ваков притисок овој регион подолгорочно да биде стабилен?

ХАЏИ-ЈАНЕВ: Доколку постои желба за соработка и доколку оваа соработка е на здрави основи со правилен пристап, регионот може да го ограничи просторот за маневар на овие групации. Изјавата на Рејсот на ИВЗ за тоа дека нема место за ваквите структури во Македонија според мене е пример кој треба да го следат и останатите верски лидери. Властите во Косово, Албанија и Босна засега прават забележителни напори во справувањето со овој тренд. Она кон што мораме да се фокусираме е хомогенизација во пристапот, во кој долгорочните, а не личните и кратко ориентирани цели ќе бидат пресудни за динамиката со која ќе се соработува.  Ако се исполнат овие предуслови, сметам дека регионот има перспективна иднина.

ПРЕС24: Честопати странските експерти, западните разузнавачки служби, изминативе десетина години предупредуваа дека Македонија е транзит земја за продор на радикалниот ислам во Европа. Реагира ли Македонија соодветно на таквите предупредувања?

ХАЏИ-ЈАНЕВ: Апсолутно да. Сметам дека Република Македонија предначи во доменот на размената на информации, регионалната соработка и секако нивото на обученост за справување со овие феномени. Во неколку наврати сум имал прилика да учествувам на различни предавања со колеги од безбедносните органи (МВР-УБК, АРМ, Агенцијата за разузнавање, ДБКИ, ЦУК, ДЗС и сл.) мислам дека сите се на висина на задачата. Меѓутоа, она на што апелирам е дека за справување со предизвиците од овој домен е потребен малку поинаков пристап. Не смееме да останеме само на ова рамниште. Потребна ние стратегија која главниот напор ќе го насочи не на дирекнтиот пристап (справување единствено преку безбедносните органи), туку на индиректниот пристап за кој зборував претходно.

ПРЕС24: Во Македонија кога се зборува за радикален ислам се врзува со вахабизам? Што всушност се вахабистите?

ХАЏИ-ЈАНЕВ: Радикалниот Ислам најчесто е практикуван од Вахабистите, но не исклучиво. Вахабизмот е религиозно движење како дел од Исламската религија. За многумина автори (јас ќе се оградам од овој став) тоа е ултраконзервативно, пуритантно и екстремно. Она со што ќе се сложам е дека е движење кое проповеда практикуивање на фундаменатлниот Ислам, во основа има реформатоски амбиции кон Исламот, а според некои издвоени видувања и на Салафизмот. Она што е евидентно е дека многу често, иако не е случај за сите следебници на движењето, има агресивен пристап кон оние кои се разликуваат од нив. Како правец или движење во рамките на Исламот истроичарите го сметаат за преродебеничко движење развиено од теологот Мухамед Ибн Анд Ал Вахаб кој го започнал како лична инспирација од времето на неговиот аџилак. Во литературата може да се сретне како се корсти заедно и испреплетено со терминот салафизам, иако подетален пристап ќе укаже дека сепак станува за правец во рамките на Салафизмот. Најмонгу го има во Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арабски Емирати. Основата на која ја развива аргументацијата за проповедање на Вахабизнот, е инспирирана од лична разочараност на Мухамед Ибн Анд Ал Вахаб од (според него ) моралната малодушност и политичка слабост во арабскиот свет. Најблаго кажано ова движење или правец во Муслиманството како дел од Слафизмот го презира практикувањето на Исламот со примени на модернизам и толрантност (сметајќи го на тој начин како преслаб и основна причина за разочарувањето кое претходно го споменав) .   Иако на ова негово интерпетирање на Исламот наишол на сериозни критики и спротиставувања дури и од неговите најблиски (брат му и татко му на пример) виситнски подем Вахабизмот добива со спогодбата или спојувањето помеѓу Ал вахаб и Ал Сауд фамилиите. Од тој момент Саудиска Арабија гради концепт на духовен водач на арапите преку стимулирање на вахабизмот. Денес ваквиот процес на ширење на вахабизмот е спонзориран и надвор од Арапскиот Полусостров. Конзервативните идеи кои ги проповедаат дел од следбениците на Вахабизмот, во праксата често се агресивни. Најголемиот број на нивни приврзаници ги има помеѓу Талибаните (кои започнуваат како социјално движење за спротиставување на корумпираниот живот против дел до Муџахедините кои остануваат во Авганистан по заминувањето на Советите), Ал Каеда, а исто така и ИСИ. Минатата година Европскиот Парламент го окарактеризира Вахабизмот како извор за глобалниот тероризам, и како закана за разноличноста во Муслиманската култура. Од прилика накратко би било тоа иако има доста да се зборува за ова прашање 

ПРЕС24: Кога пред три-четири години почнаа револуциите во Северна Африка, па потоа се проширија на исток, многумина светски аналитичари  предупредуваа дека наводната борба за слобода од диктатурите е само освојување на нови територии на редикалните исламисти. Каква е оценката од денешна дистанца?

ХАЏИ-ЈАНЕВ: Па треба да бидеме претпазливи за која територија зборуваме и за која држава зборуваме, бидејќи така генерално кажана таа теза е ограничено точна. Постојат држави каде заради нивната наметливост, како што погоре опишав или агресивност и организираност, поддржувачите на радикалното практикување на религијата успеаа да се наметнат како легитимни претставници на народот, но има и држави каде тоа не е случај. Постојат и такви држави како Египед каде беа насилно сосборени.  Едно е јасно дека Арабската Пролет не ги оствари романтичарските очекувања на некои идеалистички ориентирани коментатори академици или стручњаци. Тоа може да се заклучи по неколку основи, во однос на целта – подобар живот или демократизација на тој дел од светот, во однос на поддршката, знаете дека ова движење ја загуби Западнта поддршка и се замрзна во оној момент  кога дојде до Персискиот Залив, а и настаните во Либија, како и во Египед ги принудуваат многумина да се свртат иронично кон Гадафи или Мубарак и да вршат компаратуивни анализи за сотојбите тогаш и сега. Факт е дека делумно промените им дадоа поголема моќ на овие движења. Но, исто така е и факт дека поддршката на арапската Пролет одигра сериозна улога во делегитимизирањето на дел од аргументите на Ал Каеда, особено во доменот на поддршката на режимите како оној на Бен Али, Мубарак, Гадафи и сл.)

ПРЕС24: Колку се сериозни заканите кои доаѓаат од себепрогласениот муслимански лидер, Абу  Баким Ал Багдади и најавите за верски војни за создавање калифати и на европско толо?

ХАЏИ-ЈАНЕВ: Во конвенционална смисла би рекол дека не се сериозни. Но, во неконвенционална смисла на стихијно навлегување, асиметрично дејствување, нападот врз либералните вредности, критичната инфраструктура, предизвикувањето на демиократијата преку поларизација на односите по верска основа порастот на исломофобијата во Заадна Европа) сметам дека заканите се сериозни. Е сега, не конкретно од Ал Багдади, ама од целокупното пан исламиситчко движење. Ова движење е глобален тренд на интерпретација на отпор кон модернизмот и како што тие ја нарекуваат агерсивната култура на Запад, особено во економска смисла (потрагата по ресурси).

ПРЕС24: Каква е улогота на Турција во оваа ситуација? Можно ли е нејзино трансформирање во сериозна исламистичка држава, ако се земе предвид дека Премиерот Ердоган за десетина години на власт поприлично до ослабна секуларизмот на државата?

ХАЏИ-ЈАНЕВ: Мислам дека Ердоган тука ја направи клучната грешка, бидејќи според мене направи опасна коалиција која за волја на вистината му даде сериозна народна поддршка. Сепак, идентично како и претходно опишаниот модел, понудената рака не е за џабе. Она што Ердоган го доби со нив е магијата која тие ја имаат да се доближат до масите и да влијаат на когнитивната перцепција на вистината. Во оној момент кога „Медениот месец“ заврши и кога Ердоган требаше да се соочи со суровоста на пазарната логика (која е приказна сама по себе, а е еден од елементите изворите за фрустрација која ја опшишав погоре) односите сериозно се разнишаа. Имено, потребата од јакнењето на економијата и барем според она што го видовме од некои опозициски извештаи „лукративните“ договори и зделки; влијанието на она што кај нашите економичри многу често се заборава на безбедносните партнери –(во конкретниот слулчај за Турција пред се мислам на САД) како да го оддалечи Ердоган од платформата (социјална) која ја имаа претходно и со која ги освоија симпатиите. Негативните ефекти на глобализацијата –монополизацијата на пазарот е сериозно присутна во Турција, па оттука е и прадоксот (на една страна имате модерна инфраструктура) на друга страна имате сериозна социјална слика со огоромен јаз помеѓу многу мал број на екстремно богати и огоромен плебс кој е се посриомашен. Растурањето на односите (после афертие кои најверојатно беа обелдоенети од овие структури) со нив би укажало на тоа дека веројатноста да се загуби Турција е мала. Но, не е исклучена бидејќи треба да се сочекаат следните избори. Важноста на Турција е дотолку голема што Турција е еден од сериозните канали за распрскувањето на овој вид радикализам во Европа. 

13.07.2014 - 12:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега