Го изрешетал брата си на гробот на родителите - лекарите се борат за неговиот живот

 

Семејна расправија во Србија заврши крваво. Лекарите од болницата во Крагуевац се борат за животот на 45-годишниот Верољуб С. кој во саботата бил изрешетан со три куршуми од пиштол од страна на сопствениот брат.

Според податоците на српскиот Курир, 61-годишниот Радојко С. со години не разговарал со својот брат, а ситуацијата кулминирала пред два дена кога браќата се сретнале на гробот на своите родители. Насилникот не бил на погребота на својата мајка и татко во 2008 година, а Верољуб самиот го направил погребот и ги платил сите трошоци. Тој тогаш му порачал на својот брат да не доаѓа на гробот на родителите за кои не мрднал со малиот прст, но завчера се сретнале, па затоа и започнале расправија.

Курир.рс пренесува дека Радојко толку се разбеснил што отишол до својата куќа, земал пиштол, се вратил, го изрешетал брата си и го оставил да лежи беспомошно на гробот на родителите. 

Братот сам се предал на полицијата.

14.07.2014 - 09:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега