Вонредна временска прогноза: Влажен бран доаѓа над Македонија

Влажен бран доаѓа над Македонија. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која доаѓа од Медитеранот во текот на ноќта во Македонија се очекуваат врнежи од дожд проследени со грмежи, особено во западните делови.

Слично време се најавува и во текот на утрешниот ден кога наместа ќе има пообилни врнежи од дожд, проследени со грмежи. Локално ќе наврнат и над 30 литри на метар квадратен. Дневната температура ќе се движи од 20 до 27 степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време со температура од 18 до 24 степени.

Во следните денови ќе очекува сончево време со умерена облачност, но во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст и кон крајот на неделата ќе се движи од 29 до 35 степени.

Управата за хидрометеролошки работи препорачува во случај на појава на електрични празнења граѓаните да бидат внимателни, да не престојуваат на отворено и под осамени дрвја. 

14.07.2014 - 12:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега