Магационер и чувари украле бакар вреден 9.000 евра

Кривична пријава си заработија 56-годишниот З.Н. инаку магационер во АД „Емо-Косел“, 55-годишните Т.Ј. и М.К. обезбедување во АД „Емо-Косел“  и 54-годишниот Т.В. шеф на погон, за кражба. 

Во месец мај Т.В ги зел клучевите на погонот-трансформатори и со непознато лице користејќи згодна прилика од магацинскиот простор одзел 1.190 килограми бакарни фолии. З.Н. иако бил должен да ја контролира состојбата со материјалите на одговорните лица во претпријатието на одговорните лица во претпријатието не пријавил кусок на бакарни фолии. Т.Ј. и М.К. вршејќи други работи  го оставиле фабричкиот комплекс необезбеден , при што го оштетитиле  АД „Емо Косел“ за 585.295 денари.

14.07.2014 - 13:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега