Крв на скопските улици: Петмина повредени

Во изминатото деноноќие на скопските улици се случиле вкупно 9 сообраќајни несреќи. Пет од нив се со последица материјална штета, а четири се со последица телесна повреда, во кои повреди заработиле пет лица.

Скопската сообраќајна полиција уловила и казнила четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, 26 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 18 возачи се движеле со брзина поголема д 90 километри на час во населено место, двајца возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 10 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

Со специјалното возило „пајак“ беа отстранети 41 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамки на сообраќајно воспитните акции, Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе одржи едукативно предавање во детската градинка „Сончогледи“, која се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.

За денеска не се најавени вонредни настани и се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

15.07.2014 - 10:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега