Кавадарци: Млади момчиња се касапеле со моторна пила

Избегната трагедија во Кавадарци. Според информациите на Дневник, зависник од дрога синоќа нападнал друг зависник со моторна пила.

Како што дознава Дневник, среќа во несреќа е што нападнатото момче е живо, бидејќи можело да заврши искасапено.

 

- Се работи за двајца млади луѓе, ергени, на над 25 годишна возраст. Нападнатиот е постар некоја година. Причината засега не се знае точно. Ама можно е во прашање да се нерасчистени долгови за дрога , дознава весникот од извор близок до кавадаречката болница.

Од кавадаречката болница ги потврдиле овие информации, но, засега не се познати деталите.

15.07.2014 - 11:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега