Хорор: Тетовчанец пресретнат од вооружана банда - му “скокнале“ со калашникови и палки

45 годишниот тетовчанец Ќ.Р. синоќа преживеал вистински хорор. 

Според информациите од полицијата, тетовчанецот, шетајќи се по улицата „ЈНА“ во Тетово, налетал на паркирано возило од кое излегле неколку маскирани лица. Дел од нив биле вооружени со автоматски пушки, а еден од насилниците имал палка со која го нападнал Ќ.Р. Според тетовчанецот, едно од лицата почнало да пука кон него, но, за среќа не успеал да го погоди.

Насилницците го напуштиле местото на настанот, а повредениот бил пренесен во тетовската Клиничка болница, каде му била укажана лекарска помош. 

Полициајата извршила увид на местото на настанот и пронашла две празни чаури од автоматска пушка, еден неиспукан куршум и проектил. Од пукањето, оштетени се и две паркирани возила. Се преземаат мерки и активности за целосно расветлување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

15.07.2014 - 11:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега