Ја убил љубовницата па сам си пресудил
Со неколку куршуми од пиштол 58-годишниот Живомир А. ја застрелал својата љубовница Јасмина А.(46) утрово околу 9 часот во Смедеревска Паланка, по што си пресудил сам себеси. Тие биле во љубовна врска, но пред неколку дена Јасмина го оставила својот љубовник, пишуваат српските медиуми.
Според очевидците Живомир на местото на злосторството дошол половина час пред тоа и чекал да се појави жената, по што излегол од автомобилот и пукал прво во неа, па во себе.
Јасмина е петта жена убиена во Србија овој мај. Според статистиката на српската полиција месецов биле повредени 22 жени