Подобрена структурата на војската на Грција
Владиниот совет за прашањата за надворешни работи и одбрана на Грција едногласно ја одобри новата структура на вооружените сили на земјата.
Новата структура на грчките вооружени сили е усогласена со барањата на меѓународните кредитори за намалување на воените трошоци и предвидува преструктуирање на одредени единици и намалување на персоналот.
- Нема да купуваме нови системи на оружје, туку ќе се дејствува на одржување на сегашната воена техника со потребните резервни делови и опрема, рече Панајотопулос, министерот за одбрана на Грција.