Рецепт: Тулумби

 

Направете вкусни тулумби, еве што вие потребно

Потребни состојки за тестото:

-400 милилитри вода

-6 лажици масло

-250 грама брашно

- 5 јајца

Сосотјки за шербетот:

- 800 грама шеќер

- 400 милилитри вода

- 1 лимон исечен на парчиња

Во тенџере од средна големина загрејте вода. Кога водата ќе зоврие, полека додадете го брашното со постојано мешање, додека смесата не се згусне и започне да се одвојува од лонецот. Тргнете го садот од огин и оставете малку смесата да се олади на собна температура. Во изладената смеса додадете едно по едно јајце, а притоа мешајте со раце. 

За подготовка на шербетот варете вода и шеќер на висока температура додека шеќерот не се растопи, а за крај додадете го лимонот и оставете шербетот да се олади на собна температура. 

Потоа загрејте масло на висока температура, а со помош на шприц за декорирање истискајте ја претходно подготвената смеса во вид на тулумба. Во топлото масло тулумбите сами ќе се завртат. Кога ќе добијат златно жолта боја извадете ги, а потоа ставете ги со ладниот шербет. Кога сите тулумби ќе бидат готови, полијте ги со остатокот од ладниот шербет и ставете ги во фрижидер за да се оладат пред послужување.

23.07.2014 - 15:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега