Стартува проширувањето на Партизанска кај Влае

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска ќе присуствува на почнувањето на градежните работи за проширување на булеварот „Партизански одреди“.

Проширувањето се биде кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров, со изградба на кружен тек. Предвидена е  реконструкција и проширување на булеварот „Партизански одреди", од крстосницата со улицата „Ацо Шопов" до кружниот тек на улицата „4 Јули", како и вкрстувањето на булеварот „Партизански одреди" со улицата „Ѓорче Петров" (кај Порта Влае) изградба на кружен тек на ниво на постојниот коловоз, кој што ќе има 2 коловозни ленти и средишно зеленило.

24.07.2014 - 11:35
Фото: 
журнал
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега