Делови на Скопје утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД , ги известува граѓаните дека утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош, Бутел, Студеничани, Чучер Сандево и Арачиново.

Без струја од 10 до 15:30 часот ќе биде ловиштето Јасен, од 9 до 15 часот делови од ул.Копенхагенска, од ул.Стохолмска, од ул.Петар Драганов, од ул.Његошева, од ул.Софиска, од ул.Бриселска во општина Карпош, како и дел од село Батинци, потоа од 9 до 13 часот дел село Мирковци, кај полициската станица, од 8:30 до 15 часот патот за Радишани, ул.Бутелска и околните улички и од 8 до 16 часот дел од Арачиново кај полициската станица, дел од Арачиново областа кај долната Џамија

24.07.2014 - 19:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега