Фирмата во Сопиште каде се случи експлозија ја имала целокупната документација

Министерството за економија по експлозијата што се случи во ДПТ ИЦЕМАК ДОО во општина Сопиште, формираше Комисија за анализа на постапката за давање согласност на фирмата за вршење дејност за пиротехнички средства. Комисијата ја проверила целокупната документација по предметот и утврдила дека фирмата поседува согласност за вршење промет на вооружување и воена опрема, според донесената Одлука од Владата на Република Македонија, од 11.12.2012 година, согласно Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, при што е запазена процедурата за добивање согласност за вршење дејност.

- Во документацијата друштвото има и одобрение за производство и промет на пиротехнички производи за временска модификација, забава и обука издадено од МВР на 10.06.2009, согласно Законот за зашита од експлозивни материи и Законот за промет на експлозивни материи, Решение за вршење на дејност – промет на големо со хемикалии во посебен магацински простор, издадено од Министерство за здравство на 17.07.2009, како и Решение за употреба на предметниот деловен објект, издадено од посебно формирана комисија од експерти и претставници од МВР и МО, определена од Општина Сопиште за работилници за производство на пиротехнички производи и администрација, се појаснува во соопштението.

Согласно член 23 од наведениот закон, стои во соопштението од Министерствот за економија, промет на ВВО во Републиката и странство можат да вршат производителите на ВВО, трговски друштва и трговци поединци регистрирани за вршење на промет, кои се запишани во Централниот регистар на Република Македонија, врз основа на донесена одлука од Владата за давање согласност за вршење на оваа дејност. Доколку трговското друштво ги исполнува условите од членот 23 од овој закон, на предлог на Министерството за економија, а по претходно добиени мислења од Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи, Владата дава согласност за доставениот предлог.

Инаку, вчера во експлозијата беа повредени четири лица кои се во критична состојба со изгореници од 3 и 4 степен.

25.07.2014 - 13:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега