Водите на реката Пчиња безбедни за капење

Стручните екипи од Центарот за јавно здравје Куманово извршија анализа на примероците од вода од реката Пчиња, земени во близина на Меморијалниот Центар АСНОМ во Пелинце и кај бањата во Стрновац и констатираат дека водата е безбедна за капење.

- Во однос на физичко- хемиските анализи докажана е зголемена матност која е последица на временските прилики. Водата со ваков квалитет граѓаните може да ја користат за капање, но им препорачуваме да внимаваат посебно кај децата да не дојде до голтање на водата и секако туширање со чиста вода, вели доктор Мимоза Величковска, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје Куманово.

Испитувања кои ги спроведуваат екипите на Центарот за јавно здравје се вршат неколку пати годишно со зголемен интензитет во јули и август кога и најчесто има посетители на излетничките места лоцирани покрај реката Пчиња. 

25.07.2014 - 14:34
Фото: 
региони
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега