Средба Груевски-Могерини - еве за што се разговараше

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Италија, Федерика Могерини.

 На средбата соговорниците го изразија задоволството од развојот на односите и соработката меѓу Република Македонија и Република Италија и воедно посочија подготвеност за нивно натамошно унапредување и интензивирање во сите области од взаемен интерес.

 

 Премиерот Груевски ја истакна заложбата за продлабочување на економската соработка, како и проширување на секторската соработка. Премиерот Груевски истакна дека Италија е мошне значаен трговски партнер, и досега земјата има позитивно искуство од реализацијата на неколку инвестиции што докажува дека има потенцијал кој може да биде искористен во насока на јакнење на трговските и економските односи меѓу двете пријателски држави. На средбата беа истакнати и полињата каде може да се соработува, потенцирајќи ја областа на трговијата, енергетика, земјоделието и образованието.

 Соговорниците се осврнаа и на темата на евроатлански интеграции при што Премиерот посочи дека тие остануваат приоритет во работата на Владата, и изрази задоволство од досегашната поддршка која Република Италија ја дава на овие суштински процеси. Премиерот Груевски ја потенцираше важноста на Италијанското Претседателство со ЕУ за регионот – во актуелниот контекст по европските избори. Тој ја истакна и важноста за проактивна поддршка на Италија во напорите на Македонија за почеток на преговори со ЕУ.

 

 

25.07.2014 - 15:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега