Лоша вест за продолжениот викенд

 

Времето во Македонија утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има локална појава на дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 22, а дневната од 28 до 36 степени.

Во Скопје и околината слично време, со температура до 33 степени.

И во охридско-преспанскиот регион времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за појава на локален дожд. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 30 степени. Во Дојран утринската температура ќе изнесува 17, а дневната 35 степени.

Во недела ќе има услови за изолирана појава на невреме со град и силни електрични празнења, а нестабилното време од попладневните часови ќе продолжи и во текот на наредната недела.

 

25.07.2014 - 15:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега