"Само што го оженивме а сега животот му е на конец" - семејствата на повредените од експлозијата скршени од болка

Во експлозијата во фабриката за пиротехника во Сопиште која ја потресе Македонија со тешки изгореници се здобија 27-годишниот Далибор, кој неодамна се оженил, како и 59-годишниот Живко, кои биле бравари и 51-годишната Злата која работела како хемичар.

Како што пишува Дневник, можна причина за експлозијата е искрење на предмет што го внел некој од вработените, а не смеел да го внесе. Најверојатно станува збор за запалка, но ова се уште не е потврдено. Најблиските на Далибор се скршени од болка и велат дека се се уште во шок.

- Сè уште сме во шок. Нашиот син е тешко повреден во експлозијата во фабриката во Сопиште и се молиме да преживее. Лекарите ни велат дека следните 48 часа се критични. Ни останува да чекаме и да се надеваме, но тој е силен и мора да успее. Со овие зборови и со солзи во очите вчера не дочека Никола K., татко на Далибор K. раскажа за големата несреќа, пишува Дневник.

- Никој не дошол да ги посети повредените, ниту да ги посети родителите на повредените. Можеби ќе дојдат подоцна, но тоа досега требаше да го сторат. Далибор во фабриката работеше од октомври и с` уште беше чирак – вели таткото.

Мајката на Далибор не можеше да се воздржи и постојано плачеше.

- Пред неколку месеци правевме свадба, го оженивме Далибор. На празников му се молам на свети Арангел да ни помогне и да се спаси нашето дете – плачејќи вели мајката на Далибор.

Вработената хемичарка и браварите дента биле во погонот со површина од 20 до 30 метри квадратни метри каде што работеле калапирање гази. Во еден момент дошло до искрење на некоја од газите, по што настанала експлозија и пожар. Вработената Злата, која работела како хемичарка, и нејзините колеги Далибор и Живко, кои биле бравари, односно работеле на дребонг, добиле тешки повреди. Во експлозијата полесно бил повреден Горан.

Повеќе на Дневник

26.07.2014 - 10:21
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега