Подобрена состојбата на жената која ја извлекоа од експлозијата во Сопиште

Педесет и едногодишната жена која се здоби со сериозни повреди и тешки изгореници во експлозијата во фабриката за пиротехника во Сопиште сега е во стабилна здравствена состојба. Како што јавува Здравство 24, таа останува приклучена на апаратите за дишење, на КАРИЛ. 

Жената имаше изгореници од 4 степен, но за разлика од вчера нејзината состојба е далеку подобрена и за разлика од останатите двајца пациенти, виталните органи и се сабилни. Другите двајца се хоспитализирани во градската хируршка болница св. Наум Охридски но нивното здравје и понатаму е во критична состојба.  

Пациентите на 27 и 59-годишна возраст дишат со помош на апарати. Имаат многу тешки и длабоки изгореници од трет степен и се во животозагрозувачка состојба.

26.07.2014 - 12:40
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега