Вељаноски упати честитка по повод Рамазан Бајрам

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, денеска упати честитка до претседателот на Исламската верска заедница Реис ул улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до сите верници од исламската вероисповед во државата, по повод исламскиот празник Рамазан Бајрам, посакувајќи празничната радост да ја споделата со семејството и пријателите во мир, благосостојба и меѓусебно разбирање.

- Големите верски празници се можност за обединување и меѓусебно почитување. Тие претставуваат темел преку кој се буди хуманоста и солидарноста, но се и поттик за пружање на рака за помош, без разлика на вера или нациналност. Убеден сум дека, како и досега, така и во иднина Република Македонија ќе биде пример за почитувањето на верската различност и негувањето на толеранцијата, унапредување на меѓусебните односи кои пак водат кон добри дела и просперитет, се вели во честитката.

Тој се осврнува и на заложбите на Исламската верска заедница во земјава. - Исто така, сакам да истакнам дека заложбите на ИВЗ се насочени кон јакнењето на вредности во Република Македонија кои ни се потребни во градењето на подобра заедничка иднина. Уште еднаш, Ви го честитам големиот празник и Ви посакувам добро празнично расположение, се наведува во честитката од претседател на Собранието на Република Македонија Вељаноски.

27.07.2014 - 11:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега