Кои скопски населби утре ќе бидат без струја?

 

Од 8 до 9 часот утре без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од булеварот „АСНОМ“, како и полициска станица Ново Лисиче.

Во периодот од 8.30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од патот за населбата Радишани и улицата „Бутелска“.

Од 9.30 до 11.30 часот струја ќе немаат и корисниците од дел од улицата „Црногорска“, дел од корисниците од улицата „Љубин“ и дел од улицата „Александар Македонски“.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекините во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати од страна на  ЕВН Македонија АД.

28.07.2014 - 15:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега