Ракометарите ја добија премијата за пласманот на СП во Катар

 

Ракометната федерација на Македонија преку својата веб страна соопшти дека во целост ги исплати премиите на машката сениорска репрезентација за пласманот на СП во Катар.

Ракометарите во јуни во баражот ја елиминираа Грција и обезбедија место на Мундијалот што ќе се одржи во јануари 2015 година.

Според правилниците на РФМ, за пласманот на СП, ракометарите и стручниот штаб ќе поделат вкупно 30.000 евра.

30.07.2014 - 13:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега