Крадците направиле парче во ресенско

Во ресенското село Грнчари додека домаќините биле на гости, непознат сторител со провалување и претурање во две куќи, извршил тешка кражба при што од куќата сопственост на К.Г. (53) одзел поголема количина златен накит, 13.800 евра и 6.000 дански круни, причинувајќи му штета од околу 1.500.000 денари.

Од куќата сопственост на Р.Г.(51) одзел 2.000 дански круни  причинувајќи штета од 16.500 денари.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

30.07.2014 - 16:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега