ВИДЕО: Брутален фудбалски натпревар
На фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Мексико и Северна Ирска за играчи до 20 години, во рамките на "Милк Куп", се случи неверојатен инцидент.
Немилиот настан се случи во 57-та минута кога на теренот настана мешаница во која неколку играчи од двата тима си разменија клоци и тупаници. По завршувањето на инцидентот судијата исклучи тројца играчи на Мексико и еден на Северна Ирска, која на крајот славеше со 2:1.
31.07.2014 - 15:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа