Нова технолошка индустриска зона во Радовиш
Во Радовиш денеска ќе почне изградба на нова технолошка индустриска развојна зона која ќе зафаќа површина од 10 хектари.
Во текот на месецов треба да биде поставен камен темелник и за изградба на ТИРЗ Струга. Во тек е тендер за избор на компанија која ќе ги изврши градежните активности за изградба на ТИРЗ Ранковце.
Владата донесе одлука и за основање технолошко индустриски развојни зони во Берово и во Виница. Со тоа се заокружуваат 14 од 15-те предвидени ТИРЗ во Програмата за работа на Владата. Според најавите, Владата, треба да донесе одлука за основање на ТИРЗ и во Делчево.
01.08.2014 - 09:04
Фото:
дневник
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа