Груевски: Градбата на автопатиштата е силен импулс за економијата

 

Градбата на автопатиштата во Македонија е силен импулс на македонската економија. Во овој момет се градат три автопатишта. Еден е од Демир Капија кон Гевгелија , вториот од Скопје кон Штип и третиот од Кичево кон Охрид, а истовремено се гради експресен пат Велес- Кадирфаково, односно се проширува од две на 4 ленти и се реконструира темелно патот Велес-Скопје.Сето ова е една сложена операција во која што се инвестираат околу 860 милиони евра, истакна денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

-Освен што се работи на долгорочно решавање на проблемот со патиштата и автопатишата  во еден период додека тие се градат се решава и проблемот на вработување на голем број на семејства. Значи во моментов 760, но стапката е прогресирачка  и според плановите ќе стигнат до 2200 работници. Се наоѓаме во една силна инвестициона активност која што продуцира вработувања, нови автопатишат, нови експресни патишта, реконструкција на голем декл од дотраените патишта, раст на БДП, работа на градежната индустрија и многу други индистрии кои се поврзани со градежната. Имаме силна активност која влијае и на растот на економијата и на вработеноста, истакна Груевски.

03.08.2014 - 15:12
Фото: 
MIA
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега