Ставете им маски на кучињата - казните се до 400 евра

Од денеска во oпштина Аеродром ќе почне активно да се применува членот 29 од Законот за прекршоците на јавен ред и мир, според кој ќе се казнуваат сите сопственици на кучиња што ќе ги шетаат своите миленици без заштитна маска.

- Во спротивно, комуналните служби на општината заедно со службите на полициската станица „Аеродром“ ќе изрекуваат соодветни казни во согласност со Законот за прекршоците на јавен ред и мир, член 29, според кој кучињата мора да носат заштитна маска,  велат од општината.

Според овој член, граѓаните „кои без заштитни средства (маска и слично) без надзор и невнимателно држат кучиња и други опасни животни што можат друг да престрашат или да повредат, ќе им се изрече глоба во износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност“.

04.08.2014 - 12:24
Фото: 
вест
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега