ВЛЕН: Обидот на ДУИ за раздор се претвори во политички бумеранг

 


Од ВЛЕН денеска порачаа дека се пообединети од кога било и дека излегувањето на Арбен Таравари било обид на ДУИ да внесе раздор во коалицијата и таа да се растури.

„ВЛЕН денес повеќе од кога било го потврдува своето политичко и институционално единство. Сите наши партии и претставници се синхронизирани во визијата, целите и одлуките. ВЛЕН е обединето тело кое дејствува одговорно кон граѓаните и со решителност на политичката сцена.
Обидите на ДУИ преку Таравари да предизвика земјотрес во ВЛЕН се целосно неуспешни. Обидот за поделба се претвори во политички бумеранг за самите автори. Ова докажува дека ВЛЕН не е случајна коалиција, туку сериозен политички проект со силна основа и јасна визија за иднината“, гласи денеска во нивното соопштение.

Од таму додаваат дека наредните денови ќе има настани кои дополнително, како што велчат, ќе ја зацврстат улогата на коалицијата.

18.05.2025 - 10:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега