Извозот зголемен за 18,5 проценти

 

Извозот на производи од Македонија од почетокот на годината бележи раст од 18,5 проценти. 

Најмногу се извезувале катализатори, феросилициум, фероникел, сетови на проводници за палење за возила, авиони или бродови, валани производи и облека. Меѓу земјите каде најмногу се извезувало се Германија,  Грција, Србија, Бугарија и Италија.

Извозот со раст во сите месеци годинава

Извозот бележи раст во сите пет месеци годинава. Во јануари растот е 4 проценти, во февруари 22,3 проценти, во март 21,4 проценти, април 9,2 проценти и во мај 27,9 проценти.

Вкупниот извоз во првите пет месеци изнесува 1.946.119 илјади американски долари. Од вкупниот извоз 423.844 илјади долари се вредност на извезени хемиски и сродни производи, 398,547 илјади на машини и транспортни уреди, 392.361 илјада на производи класирани според материјалот, 371.679 разни готови производи, 144.272 илјади се храна и живи животни ...

Над половина, односно 52,7 отсто од производите од Македонија се извезуваат во Германија, Велика Британија, Грциа, Србија и Италија.

Кон Германија вредноста на извозот е 813.694 илјади долари, Бугарија 132.478 илјади долари, Италија 128.378 илјади, Србија 102.491 илјади и Грција 96.414 илјади долари. Извозот на производи од Македонија од почетокот на годината бележи раст од 18,5 проценти.

Извозот од зоните над половина милијарда евра

Извозот од зоните во првите шест месеци изнесува над 550 милиони евра и повеќе од двојно е зголемен во однос на првите шест месеци од минатата година.

Директорот на Дирекцијата за индустриско-развојни зони Виктор Мизо изјави дека ова пред се се должи на фактот што имаме нови компании кои се функционални и кои во тој период минатата година се уште не работеа.  -  Пред се, додаде, тука е „Ван хул“ во „Скопје 2“, тука е „Џонсон Контролс“ во „Штип“ и втората фаза на „Џонсон Мети“ во „Скопје 1“, но истовремено и многу поголем обем на производство на „Кемет“ во првото полугодие од оваа година во споредба со минатата година.

Истакна дека само „Џонсон Мети“ секој месец го зголемува своето производство и го руши својот рекорд од претходниот месец во однос на извозот, како најголем извозник.

Секој месец „Џонсон Мети“ го зголемува своето производство и го руши својот рекорд од претходниот месец во однос на извозот, како најголем.

- Ако се гледаат заклучните бројки од минатата година, компаниите од зоните имаа удел од речиси 25 проценти од вкупниот извоз во државата и гледајќи ги овие бројки очекувањата се дека оваа година тие ќе имаат дури и поголема контрибуција во вкупниот извоз. Но, се зголемува и додадената вредност, значи разликата помеѓу извозот и увозот и она што мене ме радува е кога се гледа дека на ниво на државата покриеноста на увозот со извоз од година во година расте, а една од основните причини за ова се токму овие компании и странските директни инвестиции во нови производствени капацитети во државата, изјави Мизо.  

Во втората половина посилен извоз од зоните

Тој додава дека во втората половина од годината се очекува извозот да биде посилен од овие компании, бидејќи тоа се компании кои релативно кратко време работат и извозот до крајот на годината да надмине една милијарда евра.

Според Мизо тоа ќе биде исполнување на планираниот извоз од трите функционални зони – Скопје 1, Скопје 2 и Штип.

МИА

05.08.2014 - 09:43
Фото: 
економски
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега