Промовирани апсолвентите на универзитетот во Тетово
На Државниот универзитет во Тетово денеска беа помовирани околу 300 апсолвенти во учебната 2012/2013 година.
На промоцијата во Ректоратот присуствуваше заменик-минситерот за обрзование и наука Сафет Незири, кој истакна дека ресорното Минитерство презема мерки и активности за подобрување на образовниот процес, а со тоа и подигнување на квалитетот на студирањето.
За ректорот на ДУТ Вулнет Амети успехот на студентите на ДУТ е успех на сите граѓани. -Ние стигнавме до ова ниво со многу труд и посветеност на академскиот кадар, но и на студентите и особено граѓаните кои имаат посебни емоции кога ќе се спомне ДУТ. Ние ќе продолжиме со развојот на нашиот Универзитет врз основите што ги постави првиот ректор Фадиљ Сулејмани, изјави Амети.
ФОТО: Сител