Кривични пријави за двајца Комити

 

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 27-годишниот В.С.од Скопје и 23-годишниот Б.Л. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

МВР денеска соопшти дека на 3 август годинава, околу 19 часот, на Градскиот стадион во Битола за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Пелистер“ и ФК „Вардар“, поголема група од навивачката група „Комити“ меѓу кои бил и првопријавениот, физички  нападнале полициски службеници кои биле задолжени за обезбедување на фудбалскиот натпревар. Од страна на судија во претходна постапка на првопријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена. Второпријавениот се товари дека при крајот на второто полувреме, околу 19,20 часот, откако настанале нарушувања на јавниот ред и мир на стадионот, се доближил до полициски службеник и без повод и причина со ногата го удрил во левата подлактица, нанесувајќи му лесни телесни повреди, констатирани од доктор-ортопед во Клиничка болница Битола. Тој е изведен пред надлежен судија на претходна постапка и му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Инаку, само во првите шест месеци од годинава беа регистрирани 19 случаи на нарушен јавен ред и мир пред, за време и по завршување на спортски натпревари. Од нив, на подрачјата на СВР Скопје-11, СВР Охрид и Штип-по три и два на подрачјето на СВР Тетово.

 

 

05.08.2014 - 15:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега