Еве кој ќе ве забавува на „Пастрмалијада 2014“

Општина Штип и Здружението на граѓани „Пастрмалијада Штип" почнуваат со финални подготовки за новото издание на познатата штипска манифестација „Пастрмалијада 2014". На манифестацијата која ќе се одржи од 25 до 28 септември на веќе утврдената локација кај крстосницата Дујле, ќе настапат познати имиња од балканската музичка сцена. На 25 септември, во четврток настапуваат Дивље Јагоде, на 26 септември во петок штипјани и посетителите од Македонија ќе ги забавува српскиот музичар Аца Лукас, а во сабота, на 27 септември гостува уште една српска пејачка, Наташa Беквалац, додека на 28 септември, во недела предвиден е настап на македонски изведувачи од забавната и фолк сцена.

- Минатата година, Штип беше одличен домаќин на манифестацијата со до сега најголем број на посетители од регионот и воопшто од Македонија. Организаторот се надева дека оваа година ќе се направат уште поголем број на пастрмајлии, со оглед на тоа што самото искуство веќе значи многу во надминување на проблемите кои се појавија од минатата година. Изборот на музички ѕвезди кои треба да ја засилат манифестацијата е направен да одговара на истата, но од друга страна и да привлече дополнителен број на посетители - изјави за порталот „1.мк", Драган Ристов - советник за односи со јавност на Општина Штип.

06.08.2014 - 09:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега