"Удираа жени, кршеа маси" - кафе-барот на Бит-Пазар демолиран поради „Распукала Шар Планина“
Од соседниот локал на Албанец земам кафе, од друг слатки, од трет храна. Ние овде работиме заедно. Дење кога нему му требаат маси, сам зема од моите бидејќи мене не ми требаат, но мој келнер менува пепелници. Така е со години, заедно си помагаме колку што можеме. Ова за Дневник го изјавува сопственикот на кафеаната "Њу Орлеанс" која беше демолирана.
Песната „Распукала Шар Планина“ била причина поголема група хулигани завчера да влезат во кафе-барот „Њу Орлеанс“ во Старата скопска чаршија и да го демолираат. Според податоците кои претходно ги објави полицијата, засега непознато лице дошло во кафулето, започнало врбална расправија барајќи да не се пушта македонската музика. Потоа, гневнот гостин си заминал од кафе-барот, но подоцна се вратил со неколку млади лица на возраст од 20 до 25 години кои исто така започнале вербална расправија, по што се разбесниле и искршиле две стакла и компјутер кој бил сопственост на ДиЏејот. Кога вработената сакала да се јави во полиција насилниците и го одзеле телефонот и го скршиле удирајќи го од земјата.
Според податоците н Дневник, сопственикот вечерта го прославувал својот роденден. „Овие два конца на лицето ми се подарок за роденденот што го славев вчера“ - на шега вели менаџерот кој исто така е повреден.
Според Жарко, група од 10 до 15 момчиња на возраст од околу 20 години влегле во локалот испровоцирани од песната „Распукала Шар Планина“ од Влатко Стефановски.
-Удираа жени, кршеа маси, мобилни телефони. Го скршија лаптопт на диџејот од каде што пушташе музика. Беа како фурија. По насилството веднаш се разбегаа. Не беа маскирани и не носеа оружје, удираа со тупаници. Знам дека се повредени тројца, четворица гости. Еден има исеченица од стакло по половината. Девојка која е вработена во локалот беше удрена со тупаница. Ова е класично насилство. Се надевам дека ќе се најдат насилниците и ќе бидат казнети - вели сопственикот.
Kафе-барот „Њу Орлеанс“, вчера беше отворен, а гостите седеа на масите надвор. Скршените стакла и дел од скршениот инвентар внатре се уште сведочеа за насилството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа