Се самоуби газда на познат скопски ресторан

 

Сопственик на познат скопски ресторан, вчера попладнето е пронајден мртов зад скопскиот ресторан Имес. Според првични и се уште неофицијални инфомрации, станува збор за лицето М.М. во скопските кругови познат како еден од сопствениците на реторан во трговскиот центар Лептокарија.

Од МВР за Press24 потврдуваат дека вчера е пронајдено тело на маж на спомнатата локација но не откриваат повеќе детали, ниту за идентитетот ниту за околностите во кои тој починал.
Сепак, неофицијални полициски извори велат дека станува збор за самоубиство. Покрај телото на починатиот пронајдена е пушка, која тој ја поседувал со дозвола. 

Луѓето кои го познаваат М.М. велат дека тој немал долгови но имал семејни проблеми за кои се претпоставува дека се мотив за убиството. 

06.08.2014 - 10:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега