Како циклонот Бранко го добил своето име?

Српскиот метеоролошки завод му го дал името Бранко на циклонот кој вчера го погоди северниот сосед. Без некое посебно значење, локалните метеоролошки станици редовно им даваат имиња на метеоролошките случувања, за полесно да можат да ги впишат во своите архиви за подоцна да можат да прават споредби. Така и со Бранко.
Единствено, македонската Управа за хидрометеорологија не им дава имиња на метеролошките појави. Вчера од таму за 24 Вести изјавија дека немаат таква пракса. 
Најинвентивни со имињата се хрватските метеоролози. Така, секој посилен ветер, во Хрватска си добива свое име. На пример, пред неколку дена циклонот се викаше Клара. Претходно, регионот го погоди Лука.
Хрваскиот метеоролошки завод оваа година регистрирал 33 циклони вклучувајќи го и Бранко. На нивната веб страна внимателно со датуми се забележани сите заедно со нивните интересни имиња. Па така, има циклони кои се викаат, Ана, Хрвоје, Бруно, Ева, Искра, Јерко... 
Интересно е што и покрај најавите на нашиот Метеоролошки завод, Бранко вчера „не дојде“ во Македонија. Можеби ќе дојде денеска, а можеби и не :)

06.08.2014 - 11:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега