Дајте им на децата шанса за живот!

Шанса за живот е името на кампањата наменета за Одделот за интензивна нега на Клиниката за детски болести во Скопје, иницирана од страна на ОКТА. Целта на кампањата е да се подигне свесноста за проблемите со коишто се соочува овој оддел и да се соберат средства за доопремување на ова одделение со инкубатори и друга неопходнаапаратура потребна за нормално функционирање.

Кампањата предизвика вистински интерес кај граѓаните поради начинот на кој се комуницира. Фотографиите на кои се гледаат две новороденчиња кои се борат за живот ги преплавија социјалните медиуми со повик за помош. „Во разговор со лекарскиот тим од Детската клиника дојдовме до идеја за отпочнување на ваков тип на кампања преку која  ќе се обидеме да ја смениме реалноста во овој оддел, каде доаѓаат предвремено родените бебиња и оние со компликации.. Потребни се големи финансиски средства за доопремување, но треба да се почне од некаде. Нашата донација е само почотек на менување на нештата. Кога гледате како предвремено роденети бебиња се борат за живот, едноставно не можете, а да не им дадете Шанса за живот! Тоа е нашиот слоган, а целта е да мотивираме вклучување на што поголем број граѓани, бидејќи еден не може да ја смени реалноста, но сите заедно можеме многу да направиме.“, објаснува Радојка Х. Денковскаменаџер за корпоративна општествена одговорност и комуникации во ОКТА, пренесе Курир.

Со пулсоскиметрите, аспираторите и перфусоритештовеќе се донирани и ставениво функција во јуни на Одделението за интензивна нега  се комплетираше првата фаза од кампањата Шанса за живот. Втората фаза од донацијата се очекува да стартува во текот на месец септември.

„Досега, кон оваа иницијатива се приклучија многу познати личности од сите сфери од јавниот живот, кои гордо го носат главниот белег на кампањата – алката со слоганот Шанса за живот, но и голем број на граѓани,амбасади и компании и со тоа безрезервно ја дадоа својата поддршка. Повеќе од 10000 фанови не следат наfacebook фан страницата Шанса за живот, а се поголем број на граѓани донираат средства и на банкарската сметка отворена за оваа кампања. Алките се наменети за сите оние кои  сакаат да го дадат својот придонес за одделот што е од круцијално значење заграѓаните , а истите се достапни на повеќе локации во Скопје и на бензиските пумпи на ОКТА, по симболична цена“ – додава Денковска.

Кампањата ќе трае до крајот на годината, кога со собраните средства ќе се реализира и третата фаза од донацијата наменета Одделот за интензивна нега, купување на нови инкубатори, со што ќе се подобрат условите за работа на ова одделение и ќе им се даде Шанса за живот на  оние на кои што тоа им е најпотребно, на децата..

 *Алките се достапни на бензиските станици на Окта во Ново Село (охридско), Ботун, Струга, Охрид, Тетово, Гостивар, Битола и Гевгелија ( на граничниот премин Богородица), волаунџ бар Арабеска, во кафе бар Бастион, кафулињата Тренд,во Веро центароти на билетарата на дирекцијата на Охридско Лето.

**Уплата на финансиски средства на сметка: 
200002709659393- Стопанска Банка

06.08.2014 - 11:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега