Големо невреме во Пелагонија - уништени големи површини со тутун

Големо невреме синоќа зафати дел од Пелагонија. Според првичните информации, најмногу штети се предизвикани врз земјоделските површини од прилепските села Тополчани, Канатларци и Клепач, како и во битолскиот дел кај селото Лознани, јави Канал 5.

Земјоделците тврдат дека ветерот, градот и дождот целосно за еден час уништиле големи површини засадени со тутун и со градинарски производи. Штети има и на посевите со жито и јачмен.

06.08.2014 - 11:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега