Бесплатниот железнички превоз го искористиле 1.500 стари лица и 3.500 студенти

Владата на Република Македонија е задоволна од искористеноста на мерката за бесплатен железнички превоз. Како што истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев до сега оваа мерка ја искористиле над 1.500 стари лица и над 3.500 студенти. 

-Денеска сакаме да ги информираме и истовремено да ги потсетиме сите засегнати граѓани дека следниот викенд, односно деновите петок, сабота и недела- 8, 9 и 10.август е период во којшто сите повозрасни лица односно жени над 62 и мажи на 64 години ќе може бесплатно да го користат железничкиот превоз во внатрешниот промет на сите линии што ги овозможува Македонски железници, истакна Ѓорѓиев.

Тој потсети дека за искористување на оваа можност старите лица треба само на благајните на железничкиот станици да прикажат документ за самоидентификација, лична карта или пасош, при што добиваат билет во којшто е вклучено и самото осигурување. Доколку пак, во помалите места, каде што на самите железнички станици не постојат благајни, патниците треба по качувањето во возовите да пртикажат личен документ за идентификација на кондуктерот.

06.08.2014 - 13:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега