Крвави свадби во Македонија - 6 лица во болница
Шест лица за три дена се повредени од огнено оружје за време на две свадба во гостиварското село Чегране и во струшкото село Џепин.
Во гостиварското село Чегране, вчера при семејна веселба-свадба, непознато лице од огнено оружје испукало неколку куршуми во воздух, при што со лесни телесни повреди се здобил А.С.(33), соопшти денеска МВР.
Повредениот е пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.
На свадбена веселба на 3.август (недела) пет лица беа повредени во струшкото село Џепин, кога еден од гостите од огнено оружје испукал неколку куршуми во воздух.
Повредените беа пренесени во Медицинскиот центар Струга каде што им се констатирани телесни повреди и им е укажана лекарска помош
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа