Нови вработувања - инвестиција од 5,5 милиони евра во економската зона Марино-Кадино

 

Нова инвестиција во областа на кондиторската индустрија, вредна 5,5 милиони евра почна да се реализира во Општина Илинден.

Во економската зона Марино-Кадино, на површина од 5.000 метри квадратни почна да се гради фабрика за кондиторски производи на компанијата „Гранд Експорт“. На почетокот фабриката ќе овозможи отворање на нови 30 работни места, со можност за натамошно зголемување на бројот на вработени.

Новата инвестиција на компанијата „Гранд-Експорт“, на чие поставување на камен темелник присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, треба да биде реализирана во рок од 1 година.

06.08.2014 - 13:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега