Бесплатен железнички превоз за сите студенти

Сите студенти во Македонија денеска може бесплатно да патуваат со воз, согласно одлуката на Владата за бесплатен железнички превоз во четврток. 

За да им биде одобрен бесплатниот превоз, студентите треба да покажат студентски индекс или легитимација. Билетот што ќе добијат може да го користат секој нареден четврток.

Претстојниот викенд, сите возрасни лица може бесплатно да се возат со воз во земјава, а денеска сите студенти. Ова е овозможено согласно владините одлуки донесени минатиот месец, а кои досега ги искористиле 1.000 возрасни лица, 3.500 млади лица до 27 години, 600 студенти и 1.000 лица кои купиле билет со попуст.

За да го користат бесплатниот превоз возрасните лица треба на благајните на железничките станици да приложат лична карта и врз основа на тоа ќе им биде издадена карта, во која е вклучено и осигурувањето. На оние железнички станици на кои не постојат благајни и на  кои не може да се извади билет, патниците тоа може да го сторат по качувањето во возот кај кондуктерот. 

07.08.2014 - 09:13
Фото: 
евести
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега