Гром запали куќа во Куманово

Како што информира Регионалниот Центар за управување со кризи, во текот на вчерашниот ден, пожарникари интервенирале со едно противпожарно возило и тројца пожарникари на запален струјомер како резултат на удар од гром на ул. Браќа Филиповиќ бр 22 во Куманово.

Инаку во текот на вчерашниот ден, на територијата на градот наврнаа 27 литри дожд на метар квадратен, а вакво нестабилно време ќе се задржи и во наредните два дена.

Времето ќе биде проследено со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Денес попладне локално ќе има интензивен пороен дожд и услови за појава на град, а се очекува да наврнат и поголеми количини на воден талог (над 30л/м2), се вели во денешното соопштение на УХМР Македонија.

 

 

07.08.2014 - 11:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега