Расте бројот на Македонци заболени од СИДА

Дваесет и шест случаи на заболени од ХИВ-СИДА се откриени во првите седум месеци од годинава.

Од нив 10 граѓани се болни од СИДА, а 16 се ХИВ позитивни. Според полот, 25 се мажи, а само една е жена. Најголем број од нив се заразиле во хомосексуална врска, соопшти денеска доктор Жарко Караџовски, началник на Одделот за ХИВ и СИДА при Комисијата за заразни болести, на прес конференција.

Во изминативе 12 месеци, починале двајца мажи болни од СИДА, едниот бил на возраст од 40 до 49 години, а помладиот на возраст од 30 до 39 години. Најголем број од заболените се во Скопје – 16, две лица се од Свети Николе, тројца од Куманово, по еден во Тетово, Струмица и во Штип, а двајца од заболените се од Струмица.

07.08.2014 - 12:23
Фото: 
лидер
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега