Странците се повеќе го бираат Охрид како место за живеење

Странските туристи се повеќе се одлучуваат да ги видат убавините кои ги крие Охрид. Освен што доаѓаат за одмор, забава и рекреација, туристите, посебно оние од западните држави купуваат куќи и станови и се доселуваат за постојано живеење во Охрид.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, истакна дека само оваа година повеќе од 40 станови и куќи во Охрид ги купиле луѓе од Холандија. Се купува во Пештани и во Лагадин, а атрактивен е и стариот дел на градот. Неколку семејства од Англија имаат изградено куќи во населбата Рача, а нова дестинација е за поимотните луѓе од Скопје и Белград е селото Велестово, каде се градат вили и се купува земја.

Бројот на странски туристи годинава во споредба со претходната е зголемен за 6,5 проценти. 

07.08.2014 - 13:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега